Како да нарачаш
Најчести прашања
Како се нарачува?
Отвори ја почетната страна, притисни НАРАЧАЈ ТУКА и избери локација. Додади јадења во кошничката, внеси име, телефон (и адреса за достава), па притисни Испрати нарачка. Ресторанот ја потврдува нарачката и ти се јавува ако треба.
Кои локации постојат?
RICCO Brix (Сала Гемиџии): достава и подигање, тел. 072 655 040.
RICCO street (Младински парк): достава и подигање, тел. 070 555 605.
Колку чини доставата?
Доставата од RICCO Brix е 120 ден. Минималната нарачка за достава и подигање е прикажана на сајтот при нарачување.
Како се плаќа?
Готовина при достава или при подигање. Картичко плаќање ќе додадеме наскоро.
Колку време трае?
Времето на подготовка е прикажано пред да испратиш и се менува според гужвата. Откако ресторанот ќе ја прифати нарачката, гледаш точно време (на пример „околу 35 мин“). Можеш да закажеш и за подоцна.
Каде е мојата нарачка?
По испраќање страната сама го покажува статусот: Испратена, Прифатена, Се подготвува, На пат/Готова. Ако ја затвориш страната, отвори го менито ⋯ → Каде е мојата нарачка? и внеси го бројот (на пример R-1234).
Што е „Користи ја мојата локација“?
Незадолжително копче при достава. Ја праќа точната точка од телефонот на курирот за побрзо наоѓање. Адресата сепак ја пишуваш.
Како се собираат поени и ваучери?
Најави се со Google преку ⋯ менито. Поените се собираат со секоја прифатена нарачка и важат 90 дена. Кога ќе се насобере доволно, добиваш ваучер за попуст што го штиклираш при следната нарачка. Деталите ги гледаш во менито под „Поени и награди“.
Може ли да оставам бакшиш?
Да, при нарачување избираш 5%, 10% или 15% (по желба).
Нарачката ми е одбиена. Зошто?
Ресторанот може да одбие нарачка кога е затворено, нема продукт, адресата е надвор од зоната за достава или има премногу нарачки. Причината ја гледаш на страната, и можеш да се јавиш на телефон.
Имам проблем со нарачката
Јави се веднаш: RICCO Brix 072 655 040 или RICCO Mladinski 070 555 605.