Услови за користење
Последно ажурирање: ноември 2026
Нарачување
Со испраќање нарачка нè повикуваш да ја подготвиме и доставиме/подготвиме за подигање. Нарачката е потврдена дури кога ресторанот ќе ја прифати (гледаш статус на страната). Можеме да одбиеме нарачка кога сме затворени, нема продукт, адресата е надвор од зоната за достава или имаме премногу нарачки.
Цени и плаќање
Цените се во денари и се прикажани на сајтот. Доставата, бакшишот и ваучерот се прикажуваат пред да испратиш. Плаќањето е во готовина при достава или подигање (картички наскоро). Со лажни или шеговити нарачки може да ти го блокираме пристапот.
Достава и време
Времето е проценка и зависи од гужвата и распоредот на куририте. Ако имаш проблем или задоцнување, повикај на телефон.
Поени и ваучери
Поените се собираат со прифатени нарачки на најавени корисници и важат 90 дена од денот кога се добиени, потоа истекуваат. Ваучерите важат за најавениот корисник, еднократно, и не се менуваат за пари. Правилата (колку поени, вредност и рок) можеме да ги менуваме, а промените важат од објавувањето. Можеме да ги поништиме поените добиени со злоупотреба.
Алергени и состојки
Ако имаш алергија, напиши во „Забелешка“ и јави се на телефон пред да нарачаш. Не можеме да гарантираме отсуство на траги од алергени.
Одговорност
Се трудиме сајтот да работи без прекини, но не гарантираме постојана достапност. Ресторанот може да го паузира нарачувањето во секое време.
Контакт
RICCO Brix: 072 655 040 · RICCO Mladinski: 070 555 605